Сочувство

 

без последен збор срамежливец
неискусена копнее среќа
од соништата на познаник вечен

слика дневник лепливи солзи
па земјува грст од подарок ѕвезди
од намразените рајски вратари
извини краде познаника си дели
парченце мозаик лоша сето поезија
мигновено сочувство романтичари

 

 

Натрапник

 

од сонот ме избрка
звонец при глуво време,
да спротистави нова идеја
никако не и' стиска,

поткашлува по театарски

во мракот огледална суета

 

ниту збор од почетокот
раѓање дело безполезно,
иако на само чекор блиска
скриена во глувчја јама,
љубовта казнива
себеси предавството
пред отворената порта
молчешкум го сокрива

                         

   
© E-LIT.INFO